Сер Алекс Фергусон му оддаде почит на својот најголем ривал, Арсен Венгер, кој замина во пензија по 22 години на чело на Арсенал.
Токму тимовите на Венгер беа најсериозни ривали на доминацијата на Јунајтед во ерата на Фергусон, кој се пензионираше во 2013 година, и вели дека е среќен што Венгер решил да замине од „Емирати“.
„Навистина сум среќен за Арсен Венгер. Секогаш сум го почитувал тоа што го направи во Арсенал. Голем доказ за неговиот талент, професионализам и посветеност е тоа што оддели 22 години од животот на работата која ја сака. Во ера кога фудбалските менаџери понекогаш траат по сезона-две, вистински подвиг е да останеш толку долго во голем клуб како Арсенал. Пресреќен сум што сега реши да објави дека заминува за да добие испраќање какво што заслужува. Без сомнеж се работи за еден од најголемите менаџери во историјата на Премиер лигата и ми беше чест да бидам ривал, колега и пријател на таков голем човек“, изјави Фергусон.