Top Sport

Почна „чистката“ во Арсенал – Боулд заминува по 30 години!

Големите летни промени во Арсенал започнаа, откако клубот објави дека Стив Боулд ќе биде сменет од позицијата тренер на У-23 тимот, завршувајќи ја 30-годишната соработка со „топчиите“.

Боулд, кој освои три титули од Премиер лигата и две од ФА купот како фудбалер на Арсенал со 287 настапи, го замени Фреди Љунгберг како тренер на У-23 тимот во 2019 година, но оваа сезона имаа лоша сезона во која завршија на 10. место во Премиер лига 2.

Иако резултатите не се најважни во младинскиот тим, во Арсенал сметаа дека е потребен тренер кој ќе ги развива талентите на тимот, нешто што не успеаја оваа сезона. Боулд беше дел од тренерскиот тим на Арсенал од 2001 година, а од 2012 беше помошник тренер на Арсен Венгер.

Потрагата за нов тренер ќе ја предводи менаџерот на академијата на клубот, Пер Мертезакер, кој претходно направи целосна реорганизација на младинската школа на тимот.

Scroll to Top