Top Sport

Серезо по солзите на Суарез: Тој ќе одлучи дали ќе остане во Атлетико

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо вели дека иднината на Луис Суарез во Атлетико Мадрид зависи само од уругвајскиот напаѓач и неговата желба да остане на „Ванда Метрополитано“ уште една сезона.

Суарез се покажа како една од најголемите трансфер-утки на Барселона, откако дозволија да замине за малку пари, а тој одговори со 21 гол во Ла лига и со освојување на титулата со Атлетико.

„Луис Суарез е прекрасен човек. Тој покажа на теренот со своите солзи и емоции дека даде максимум за нашиот тим. Ако ме прашувате за обновувањето на договорот, тој веќе е обновен и од него зависи дали ќе сака да продолжи и мислам дека нема да има сомнежи“, вели Серезо.

Солзите на Суарез по освојувањето на титулата и видео-разговорот со неговото семејство станаа хит на Интернет.

Scroll to Top