Top Sport

Бирки му дозволи на Бендер да даде гол во неговиот последен професионален меч

Вчерашното последно коло од Бундеслигата донесе и еден интересен момент, откако голманот на Борусија Дортмунд, Роман Бирки му дозволи на Ларс Бендер од Баер Леверкузен да стави крај на професионалната кариера со гол од пенал.

32-годишниот Бендер, легенда на клубот на Леверкузен, влезе во игра во 89. минута од мечот, кога Дортмунд водеше со 3:0, и кога беше досуден пенал, Бирки реши да не се помрдне од голот дозволувајќи да се прости со гол по над 250 меча за Леверкузен.

Scroll to Top