Над 1.000 фанови на Милан ги пречекаа „росонерите“ при пристигнувањето во тренинг-центарот во Миланело со песна, знамиња и факли пред дуелот со Аталанта, во кој ќе се одлучат последните двајца патници во Лигата на шампионите од Италија.
На Милан и е потребна победа за сигурен пласман во Лигата на шампионите првпат по осум години, но можат да завршат и во топ 4 со реми доколку Јувентус не ја победи Болоња.
Шампионот Интер и Аталанта веќе обезбедија место во ЛШ, а во последното коло Милан, Наполи и Јувентус ќе влезат во интересна борба за третото и четвртото место. Милан и Наполи имаат по 76 поени, „старата дама“ има 75 – Милан гостува кај Аталанта, Наполи дома игра со Верона, а Јувентус гостува кај Болоња.
МИЛАН 76 ПОЕНИ
Ако Милан ја победи Аталанта, тие не само што ќе обезбедат место во ЛШ, туку ќе ги поминат на второто место, а имаат и подобар меѓусебен однос со Наполи Јувентус.
НАПОЛИ 76 ПОЕНИ
Ако Наполи ја совлада Верона, тогаш имаат гарантиран топ 4 пласман. Тие имаат послаб скор против Милан и идентичен скор со Јувентус. Ако завршат со ист број на поени со Јувентус, тогаш ќе се смета гол-разликата во текот на лигата и Наполи имаат далеку подобар скор од Јуве (+45 во однос на +36).
ЈУВЕНТУС 75 ПОЕНИ
Јувентус се во најнезавидна позиција, бидејќи не само што треба да ја победат Болоња, туку треба да се надеваат дека Наполи и Милан нема да освојат три поени.
View this post on Instagram