Top Sport

Наполи се „самоуништи“ во борбата за ЛШ, Милан и Јуве се последните патници

Откако борбата за титулата во Серија А беше решена одамна со скудетото на Интер, а веќе се знаеше дека Беневенто, Кротоне и Парма се слеат во Серија Б, вечерва конечно се одлучија и четирите патници во Лигата на шампионите, трка во која на крајот „извиси“ Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Пред последното коло Милан, Јувентус и Наполи беа во трка за топ 4 пласман, со Милан и Наполи на 76 поени и Јуве на 75 поени, односно „бјанконерите“ мораа да чекаат на „кикс“ на своите два ривали за да обезбедат пласман во ЛШ. На крајот тоа се случи – Јуве без Кристијано Роналдо како стартер стигнаа до 0:4 победа кај Болоња, Милан на супер-тешкото гостување кај Аталанта стигна до 0:2 победа за да го преземе второто место, но Наполи дома одигра само 1:1 со Верона.

Федерико Киеза (6.), Алваро Мората (29.) и Адриен Рабио (45.) уште во првото полувреме ја обезбедија победата на Јуве, кои потоа требаа да чекаат позитивен резултат кај ривалите. Мората во 47. минута ги постави конечните 0:4.

Милан кога гостуваше во Бергамо последен пат загуби со 5:0, но овојпат стигнаа до клучна 2:0 победа, благодарение на два гола од пенал на крајот на првото и на второто полувреме преку Френк Кеси.

Наполи пак, на домашен терен, се мачеа до 60. минута, кога Амир Рахмани ги донесе во водство, но Верона во 69. минута успеа да израмни преку Давиде Фараони.

СЕРИЈА А, 34.КОЛО

Аталанта – Милан 0:2

Болоња – Јувентус 1:4

Наполи – Верона 1:1

Сасуоло – Лацио 2:0

Специја – Рома 2:2

Торино – Беневенто 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top