Top Sport

НБА лига: Стартни триумфи за Атланта, Мемфис и Феникс во плеј-оф

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ со 18 поени ја предводеше Атланта во победа со 107-105 во премиерниот меч против Њујорк Никс од плеј-офот на Истокот во НБА лигата. Српскиот ас придодаде уште 4 скока и по две асистенции, односно украдени топки во својот дебитантски настап во еден плај-оф меч.

Подобар од него кај Хоукси беше Јанг со 32 поени и 10 асистенции.

Кај Никси се истакна Буркс со 27 поени, а го следеа Роуз со 17, односно Рендл со 15.

Кошаркарите на Феникс на свој паркет беа подобри од ЛА Лејкерс со 99-90 во првиот меч од Западната конференција.

Избраниците на Монти Вилијамс одиграа одлично под двата коша против бранителот на титулата. Се истакна Дејвин Букер со 34 поени, а помош имаше од одличниот Ејтони кој освен 21 поен имаше и 16 скока.

Кај „Езерџиите“ Леброн Џејмс броеше до 18, Шредер до 14, а Ентони Дејвис мечот го заврши со скромни 13 поени.

Мемфис Гризлис како гости славеа против Јута со 112-109 во првиот меч на Западот.

Брукс беше предводникот на Гризлис со 31 поен, а Морент запиша 26 поени.

Кај Џезерите Бојан Богдановиќ имаше 29, а Конли 22 поени.

Scroll to Top