Легендарниот фудбалер на Лестер сити, Гери Линкер не се согласува со одлуката на „лисиците“ да го ангажираат дефанзивниот „експерт“ Клод Пуел како нов менаџер на тимот.
Крег Шекспир беше отпуштен минатата недела по слабиот старт на сезоната, а тој беше привремено решение откако Лестер претходно се решија да го отпуштат Клаудио Раниери, италијанскиот стратег кој им ја донесе титулата во 2015/16.
Claude Puel? Really?
— Gary Lineker (@GaryLineker) October 25, 2017
„Клод Пуел? Навистина?“, се запраша Линекер на Твитер, слично како многу фанови на Лестер, кои нема да бидат воодушевени од Пуел, човекот кој е познат по својот екстремно дефанзивен фудбал.
Сепак, Линекер знае да греши кога се работи за Лестер. Откако вети дека ќе води ТВ-шоу во долна облека ако ја освојат титулата во годините на Раниери, поранешниот англиски репрезентативец мораше да го исполни ветувањето.