Роналд Куман ја подготвил листата за отстрел, под услов да остане тренер на Барселона. Во наредниот период ќе биде позната судбината на Холанѓанецот, кој сезонава успеа да го освои Купот на Шпанија, но ја загуби трката за титулата.
Куман, по завршувањето на последниот меч во сезоната, се пожали на играчите. Според него, најголем дел од нив не биле на нивото кое е потребно да се носи дресот на славниот клуб.
„Кога дојдов во клубот, не можев да го составм тимот онака како што сакав јас. На моја иницијатива дојде само Сержињо Дест и тоа во финишот на преодниот рок. Овој тим не е на нивото на Барселона. Тоа не е тајна, ова мислење го делат многу луѓе во клубо“, рекол Куман.
Поради резултатите и оваа алиби изјава, медиумите тврдат дека претседателот Џоан Лапорта ќе му врачи отказ на Куман.
Доколку пак остана Куман ќе протера девет фудбалери, а можно е таа бројка да биде и поголема.
Миралем Пјаниќ, Фелипе Кутињо, Матеус Фернандес, Жуниор Фирпо, Нето, Мартин Брејтват, Самуел Умтити, се играчите кои ќе бидат ставени на трансфер-листата, додека Франциско Тринкао и Рики Пуиг ќе бидат испратени на позајмици.
Според медиумите, на прдажба се и Серхи Роберто, Усман Дембеле и Клеман Ленгле, но само доколку за нив пристигнат добри понуди.
Барселона за новата сезона ги договори Серхио Агуеро и Ерик Гарсија.