Претседателот на ПСЖ, Насе Ал-Келаифи, рекол дека Килијан Мбапе нема да го напушти Париз во летниот преоден рок.
Во интервју за „Канал плус“, Ал-Келаифи, со многу оптимизам најавил дека напаѓачот ќе го носи дресот на ПСЖ и наредната сезона.
„Ако мене ме прашувате, Килијан е фудбалер на ПСЖ и ќе остане во нашиот тим. Тој е од Франција, од Париз. Има договор со клубот и 100 отсто ќе остане“.
Француските медиуми пренесуваат дека Мбапе решил, по Европското првенство, да разговара со клупските челници околу новиот договор.
Мбапе најчесто се поврзува со Реал Мадрид.