Top Sport

Дмитровиќ во Севилја

Голманот Марко Дмитровиќ ќе биде првото засилување за Севилја во летниот преоден рок. Дмитровиќ успешно ги минал лекарските прегледи и до крајот на денот ќе го потпише договор со Севилја.

Дмитровиќ на „Рамон Санчез Писхуан“ доаѓа како слободен играч, откако му истече договорот со Еибар. Српскиот голман со Еибар не успеа да остане во Ла Лига.

Медиумите, уште пред два месеци го најавија овој трансфер. Во финишот на сезоната голманот го контактирале Виљареал, Реал Сосиедад, Еспањол и два клуба од Англија, но тој сакал да го одржи ветувањето кое му го дал на спортскиот директор на Севилја, Мончи,.

Дмитровиќ со Севилја ќе потпише договор на три години, со опција да биде продолжен на уште една сезона.

Трансферот на Дмитровиќ значи дека клубот ќе го напушти Томаш Вацлик.

Scroll to Top