Top Sport

Навивачи на Манчестер јунајтед нападнати во Гдањск

Тројца навивачи на Манчестер јунајтед се здобиле со повреди, откако биле нападнати во Гдањск. Манчестер јунајтед, вечерва во овој полски град, против Виљареал ќе игра во финалето во Лига Европа.

На главниот плоштад во Гдањск, како што може да се забележи на снимката, луѓе во темна облека ги нападнале навивачите на Јунајтед. Англиските медиуми објавија дека навивачите се здобиле со лесни повреди и дека во нападот не биле вклучени навивачите на Виљареал.

Некои медиуми објавија дека зад нападот стојат навивачи на Легија од Гдањск.

Финалето во Гданск ќе го следат 9.500 навивачи. Финалистите за своите фанови добија по 2.000 влезници.

 

Scroll to Top