Top Sport

Велкоски и Сараево го освоија Купот на БиХ

Сараево по седми пат го освои Купот на Босна и Херцеговина, откако по реми без голови по 90 минути, на пенали со 4:1 го совладаа Борац Бања Лука, така не дозволувајќи Борац да ја запечати двојната титула.

На Борац му беше поништен гол поради офсајд, но немаше многу шанси за голови и на крајот мечот мораше да се одлучи со изведување пенали.

Миличевиќ и Велкоски беа прецизни за Сараево, додека Чавиќ и Тахриќ утнаа за Борац, што беше доволно за победа на „бордо“ клубот.

Scroll to Top