Металург со 29:24 го совлада Пролет 62 за да се пласира на завршниот Фајнал фор турнир во Купот на Македонија.
Пролет имаше сили да биде рамноправен противник само во првото полувреме, во кое имаа и предност од два гола, но на крајот квалитетот на тимот од Автокомадна беше евидентен. Халил Јагањац имаше девет гола за да биде најефикасен на мечот, а седум додаде Филип Кузмановски. Кај Пролет најдобар беше Мартин Манасков со девет гола.
Металург се приклучува на Еурофарм Работник како втор тим на Ф4.
Фото: РК Металург