Њујорк Никс го израмнија резултатот во серијата со Атланта Хокс. Никс,во вториот меч од серијата, забележаа победа 101:92.
Натпреварот во Њујорк, домашните го решија во последните 18 минути, откако во првите две четвртини Атланта ја имаа предноста, која на моменти изнесуваше 15 поени.
Дерик Роуз ги раздвижи Никс во втроиот дел, тој натпреварот го заврши со 26 поени. Реџи Булок и Џулиус Рендл постигнаа по 15 поени, Рендл имаше и 12 скокови.
Во редовите на Атланта Тре Јанг постигна 30 поени, а по 18 уфрлија Богдан Богдановиќ и Деандре Хантер.
Нерешено е и во серијата помеѓу Јута Џез и Мемфис Гризлис. Џезерите, во чии редови се врати Донован Мичел, забележаа победа 141:129. Мичел мечот го заврши со 25 поени. Кај победниците се истакнаа уште и Риди Гобер со 21 поен и 13 скокови, односно Мајк Конли со 20 поени и 15 асистенции.
На спротивната страна Џа Морант постигна 47 поени и влезе во историјата на франшизата од Мемфис. Ниту еден играч пред Морент не постигнал толкав број на поени во плеј-оф натпревар.
Филадлефија го доби води со 2:0 во серијата со Вашингтон Визардс. Севентисиксерс победија со 120:95. До победата ги предводеа Џоел Ембид и Бен Симонс кои постигнаа по 22 поени. Најефикасен играч на теренот беше бекот на Визардс, Бредли Бил со 33 поени.
Проблем за Визардс претставува повредата на Расел Веестбрук, кој го повреди скочниот зглоб и прашање е дали ќе игра до крајот на серијата.