Top Sport

Барселона нема пари поради тоа не може да го отпушти Куман

За две недели ќе биде познато дали Роналд Куман ќе биде тренер на Барселона и наредната сезона, пишува водечкиот каталонски спортски медиуми „Спорт“. Според овој извор, за две недели ќе биде одржан состанок на челните луѓе на клубот, на кој ќе биде решена судбината на тренерот Куман.

Барселона зад себе има неуспешна сезона, во која Куман го освои само Купот на Шпанија. Барселона, од Лигата на шампионите Барса испадна во осмина-финалето, а од борбата за титулата на две кола пред крајот на првенството.

Барселона титулата ја испушти по сопствените грешки, кога Гранада победи на „Ноу Камп“, а потоа кај Леванте одигра 3:3.

Клупските челници ќе треба да одлучат колкава е одговорноста на Куман за лошите резултати во финишот на сезоната. Холанѓанецот, по мечот со Еибар, ги обвини играчите дека не се доволно добри за да го носат дресот на Барселона.

„Спорт“, пишува дека Куман може да остане само поради лошата финансиска ситуација во клубот. Во случај на отказ, Барселона на тренерот ќе треба да му испалти 13 милиони евра.

Во овој момент тоа се многу пари за клубот, бидејќи покрај обесштетувањето кое ќе треба да се исплати, уште толку пари Барселона ќе треба да издвои за да ангажира нов тренер.

Scroll to Top