Навивачите на Милан веруваа дека е можно Џенаро Гатузо да направи пресврт и да ги однесе „росонерите“ до место кое води во Лигата на шампионите, меѓутоа по низата од четири ремија во Серија А доаѓа вистинскиот шок – 1:0 пораз од фенерџијата Беневенто за свирежи на „Сан Сиро“.
Поразот доаѓа од тим кој имаше 14 порази на стартот на сезоната во Серија А пред славно да освои поен токму против Милан (2:2) со гол на нивниот голман во последните секунди од натпреварот.
Овојпат, Беневенто дојде во водство во 29. минута, кога Пјетро Јемело успеа да ја избегне офсајд-стапицата на домашниот тим за да го совлада лесно Џиџи Донарума. По ова, клубот од Кампанија успешно се бранеше до крајот на натпреварот, иако од 80. минута играа со играч помалку откако Шеик Диабате доби црвен картон за удар со лакт.
Како и да е, меч за паметење – за фановите на Беневенто (по добро), но и за фановите на Милан (по лошо).
Брињоли: Еден ден ќе им кажувам на децата за голот против Милан (видео)