Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, одржа прес конференција, на која главни теми биле тренерот Роналд Куман и најдобриот играч Лионел Меси.
Лапорта потврдил дека Куман има договор и за наредната сезона, но дека доколку клубот најде друго решение тој ќе биде отпуштен.
„На последниот состанок му кажав дека не е мојот фаворит за оваа позиција, дека барам замена за него и дека ќе остане само во случајот да не најдам подобро решение. Кон него секогаш сум се однесувал со најголема почит и се обидов да бидам искрен. Јасно му кажав какви планови имаме“, рекол Лапорта.
Претседателот на Барселона, најавил дека нов состанок со Куман ќе има наредната недела.
Тема на прес конференцијата бил и Лионел Меси, чии договор со клубот истекува за еден месец.
„Мислам дека го цени нашиот труд. Правиме напори да составиме тим кој ќе може да освојува трофеи. Меси бара поддршка од клубот. Бара тим со кој ќе може да се бори за трофеи. Ништо друго не побара“, изјавил Лапорта.