Актуелниот Мото ГП шампион, Марк Маркез вели дека блокирањето на Маверик Вињалес кое го чинеше пол-позиција на Американското ГП се случило поради тоа што бил фокусиран на Андреа Јаноне напред на патеката.
Вињалес беше на брз круг во обид да го предизвика најдоброто време на Маркез, но „налета“ на возачот на Хонда во последниот сектор и мораше да подзастане, луто реагирајќи кон Маркез.
The incident between Marc Marquez and Maverick Vinales in Q2 at #AmericasGP #MotoGP pic.twitter.com/IueoXbAtgR
— Sophia (@ariliza_greys) April 21, 2018
Околу Маркез имаше многу контроверзи по судирот со колегата на Вињалес од Јамаха, Валентино Роси на претходната трка во Аргентина (за што исто така беше казнет), но тој вели дека не го забележал својот ривал бидејќи бил зафатен со Јаноне пред него, кој исто така успорил.
„За жал, излегував од боксот и не очекував дека некој е зад мене кога го слушнав моторот. Мислев на Јаноне, кој заостануваше многу и кога го слушнав Маверик, веднаш реагирав, но беше предоцна. Никогаш не го правам ова, но овојпат се случи“, вели Маркез.
Вињалес, од друга страна, одби да го коментира инцидентот, но посочи дека кругот во кој му попречи Маркез можел да биде најбрзиот.
„Тешко е да се знае, но сигурно во првиот круг третиот и четвртиот сектор обично ти е најбрз. Не би можел да проценам“, додаде Вињалес.