Манчестер сити со убедлива победа над Свонси 5:0, во 35.премиерлигашко коло, на прославата на шампионската титула.
„Граѓаните“ доминираа од првиот до последниот свиреж на судијата, одиграа за своите фанови, а Де Брујне постигна спектакуларен гол во 54.минута.
Новите шампиони на Англија постигнаа два гола во првото полувреме, преку Давид Силва и Стерлинг, а во вториот дел покрај Де Брујне мреежата на Фабијански ја погодија уште Бернардо Силва и Жесус.
На овој меч по долгата повреда во тимот на Манчестер сити се појави и засилувањето вредно 49 милиони фунти, Бенџамин Менди.
Сити на четири кола до крајот на сезоната има 90 бодови и се ближат до бројката од 100 постигнати гола во првенството. Сити на досегашните 34 натпревари има постигнато 98 гола.