Сан Антонио ја намали предноста на Голден Стејт Вориорс нс 3.1, додека на Истокот, Милвоки и Кливленд го изедначија резултатот на 2:2 во сериите против Бостон, односно Индијана.
Сан Антонио се избори да не биде почистен од серојата со актуелниот првак. најзаслужни за победата 103:90 беа Ламаркус Олдриџ и ветераното Ману Џинобили, кој со неколку потези ја фрли публиката во транс.
Олдиџ мечот го заврши со 22 поени и шест скока, а Џинобили постигна 16 кошеви. Кај Голден Стејт се истакна Кевин урент со 34 коша.
Милвоки во драматичен натпревар, со поените од одбојка на Адетокумбо на пет секунди до крајот ги победи Бостон Селтикс 104:102.
Милвоки имаше предност во најголемиот дел од натпреварот, во еден момент од првото полувреме предноста на Бакси изнесуваше и 20 поени, меѓутоа Бостон се врати во мечот, а на нешто повеќе од две минути и го презеде водството.
Адетокумбо го предводеше Милвоки со 27 поени, четири помалку постигна Крис Мидлтон. Најефикасен на мечот со 34 коша беше Џејлен Браун од Бостон.
Кливленд успеа да го врати брејкот и да ја израмни серијата против Индијана Пејсерс на 2:2. Кливленд предводен од леброн Џејмс победи во четвртиот меч со 104:102.
Кавалирс беа подобар противник во првиот дел имаа предност од 58:43, но Пејсерси благодарение на Виктор Оладипо успеаја да се вратат, но не и да победат.
Џејмс беше најефикасен со 32 поеи, 13 скока и 7 асистенции. Леброн го одигра 221.натпревар во плејофот и на нечната листа на шестото место го престигна Коби Брајант.
Кај Индијана најефикасни беа Сабонис со 19, односно Тарнер и Оладипо со по 17 поени.