Top Sport

Кулибали го сруши Јувентус, Наполи се врати во шампионската трка (Видео)

Наполи го победи Јувентус во Торино со 1:0, во дерби мечот одигран во 34.коло во Серија А. Актуелниот првак го сруши дефанзивецот Кулибали во 90.минута. Со оваа победа Наполи целосно се врати во шампионската трка.

Важноста на мечот и фактот дека и бод му одговара на Јувентус во целост го „убија“ дербито. На „Алијанц“ стадионот во Торино, Наполи беше тимот кој повеќе ја посакуваше победата и за офанзивната определба наполитанците беа наградени со гол во последната минута.

фото: EPA

Калкулантската игра му се одмазди на Јувентус. Играчите на „страта дама“ во текот на целиот меч упатија само еден удар во рамките на голот на Наполи. Пјаниќ во 17.минута се закани од слободен удар, топката на патот кон голот закачи еден играч на Наполи и заврши во дирекот.

Со оваа победа Наполи, на четири кола до крајот на првенството, му се доближи на Јувентус на само бод негатива. Во финишот на сезоната Јувентус има 85, а Наполи 84 бода.

Scroll to Top