Top Sport

Алегри сака да ги задржи Кјелини и Бонучи

Ново-стариот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, има намера да ги задржи во тимот ветераните Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи.

Својот план за наредната сезона, тренерот на клупските челници ќе им го соопшти на состанокот кој ќе се одржи во четврток, објави „Газета дело Спорт“.

Кјелини во август ќе наполни 37, додека Бонучи неодамна го прослави 34 роденден. Овие двајца беа столбови на одбраната во првиот мандат на Алегри во Јувентус.

Покрај Кјелини и Бонучи, Алегри во одбраната ќе смета и на Матијас Де Лихт. Можно е од клубот, за добра цена, да земина Мелих Демирал.

„Газета дело Спорт“, пишува дека една од главните теми на состанокот ќе биде Кристијано Роналдо. Португалецот има договор со Јувентус и за наредната сезона, тој сака да остане, меѓутоа последниот збор ќе го има тренерот.

Scroll to Top