Top Sport

Анчелоти и официјално се врати во Реал Мадрид

Евертон со официјално соопштение потврдија дека се разделуваат со Карло Анчелоти, но и додадоа дека тој ќе стане нов тренер на Реал Мадрид по заминувањето на Зиндин Зидан.

Анчелоти пристигна на „Гудисон парк“ со договор од четири и пол години во декември 2019 година и заминува по само 18 месеци.

„Би сакал да се заблагодарам на бордот на директори, на фудбалерите и на сите навивачи на Евертон за огромната поддршка која ја добив. Имам апсолутна почит кон сите во Евертон и се надевам дека ќе го исполнат огромниот потенцијал. Иако уживав додека бев во Евертон, добив неочекувана шанса која мислам дека е вистинска за мене и за моето семејство во овој момент“, изјави Анчелоти.

Анчелоти во периодот 2013-2015 година, го предводел Реал на 119 натпревари, тимот победил 89 пати, 14 пати играл нерешено и забележал 16 порази, освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите во 2014 година.

Реал Мадрид исто така на социјалните мрежи го поздравија тренерот кој им ја донесе

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');