Top Sport

Плановите на Анчелоти: Седуммина ќе го напуштат Реал

Карло Анчелоти, вчера потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид. Италијанскиот тренер, во периодот од 2013 до 2015 година, го предводел Реал на 119 натпревари, забележал 89 победи и 16 порази.

Анчелоти, заедно со претседателот Флорентино Перез, подготвува реконструкција на тимот. Новинарот, Жозеп Педрерол, тврди дека на почетокот на својот втор мандат, Анчелоти ќе продаде седум фудбалери.

Новинарот, за „Ел Чингирито“, рекол дека на листата за „отстрел“, најзвучни се имињата на Рафаел Варан и Серхио Рамос, долгогодишните столбови на одбрана.

Капитенот Серхио Рамос, ги одби сите понуди за новиот договор и тој како слободен играч ќе го напушти клубот, додека за Варан, Реал бара најмалку 40 милиони евра.

Реално е клубот да го напушти и Иско. Поранешниот шпански репрезентативец не е задоволен од статусот што го има во последните две сезони.

На трансфер-листата ќе бидат ставени и Лука Јовиќ, Маријано Дијаз, Дани Себаљос и Мартин Едегард.

Интересно е тврдењето на Педрерол, дека во Реал ќе останат Герет Бејл и Марсело.

Scroll to Top