Светските шампиони, Франција, мора да се сметаат како најголеми фаворити за Европското првенство ова лето, откако покажаа дека имаат фантастичен избор во нападот при 3:0 победата над Велс, во која не им пречеше ниту промашениот пенал на повратникот Карим Бензема, откако по еден гол постигнаа Килијан Мбапе, Антоан Гризман и Усман Дембеле.
Велшаните има ја направија работата на „триколорите“ полесна откако во 26. минута останаа со играч помалку по играњето на рака на Неко Вилијамс, по што Бензема, во првиот меч за Франција по повеќе од пет години, успеа да го погоди само велшкиот голман.
Мбапе го отвори резултатот во 35. минута, пред Антоан Гризман во 48. минута да зголеми на 2:0, за на крај неговиот соиграч од Барселона, Усман Дембеле во 78. минута да ги постави конечните 3:0.