Прамак Рејсинг објави дека и во 2022 година за тимот, во Мото ГП шампионатот ќе возат, Жоан Зарко и Хорхе Мартин.
Француско-шпанскиот тандем одлично ја започна новата сезона. Зарко освои три втори места и во генералниот пласман се наоѓа зад лидерот, Фабио Квартараро.
Мартин, на една трка избори пласман на подиумот, тој ја претставува иднината на тимот. Оваа сезона има многу проблеми со повредите и се очекува допрва да го покаже својот талент.
Мото ГП шампионатот продолжува викендов со трката за Големата награда на Каталонија.