Македонскиот репрезентативец Енис Барди не играше многу во вториот дел од сезоната за тимот на Леванте, но кога конечно доби шанса, постигна фантастични два гола од слободен удар за да донесе водство на тимот од Валенсија на гостувањето кај Атлетик Билбао.
Домаќините дојдоа во водство уште во осмата минута од мечот преку Раул Гарсија, но финишот на полувремето беше „кобен“ за баскискиот тим – Барди прво во 42. минута, а потоа и во 44. минута покажа дека е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Ла лига.
До крајот на мечот, Хозе Моралес додаде уште еден гол во мрежата на домаќините во 90-тата минута за супер-важна победа на Леванте, кои сега иако се на 17. место во Ла лига имаат девет поени пред Депортиво Ла Коруња во борбата за опстанок. Атлетик се 14. со 40 поени.
5 – Players with the most direct free-kicks attempts and goals in La Liga this season:
1 – Lionel Messi 46/6
2 – Daniel Parejo 20/1
3 – Daniel Wass 17/1
4 – ENIS BARDHI 15/4
5 – Cristiano Ronaldo 14/0Specialists.
— OptaJose (@OptaJose) April 23, 2018
2 – Enis Bardhi is the first player to score two direct free-kick goals in the same La Liga game since Beñat Etxebarria against Sevilla in May 2012. Sharpshooter.
— OptaJose (@OptaJose) April 23, 2018