Во првиот меч од финалето на турскиот кошаркарски шампионат избраниците на Ергин Атаман, европскиот шампион Ефес со +40 разлика го совлада големиот ривал Фенербахче, резултатот гласеше 111:71.
Тренерот Игор Кокошков и неговите играчи ја осетија моќта на европските шампиони. Колку Ефес беше доминантен покажува и фактот што постигнаа цели 68 поени во второто полувреме, и тоа 37 во третата и 31 во четвртата четвртина од мечот.
Интересен е податокот дека на полувремето резултатот гласеше 43:40 во корист на Ефес.
Најефикасен во победничката екипа беше Шејн Ларкин со 23 поени, Василије Мициќ постигна 19.
Кај Фенер најпрецизен беше Мелих Махмутоглу со 19, го следеше Нандо де Коло со 14.
Вториот меч од финалната серија е во сабота од 18.30 часот, а и на тој меч Ефес е домаќин.