Изминатата ноќ продолжија јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.
Дербито, во Буенос Аирес, посветено на Диего Армандо Марадона, го одиграа Аргентина и Чиле.
Пред почетокот на натпреварот, беше откриена статуа на легендарниот Марадона. Аргентинците натпреварот го одиграа во специјални дресови посветени на починатиот „Ел Пибе“.
Натпреварот заврши без победник 1:1. Лионел Меси постигна гол за Аргентина од пенал во 23.минута, а конечниот резултат, 13 минути подоцна го постави Алексис Санчез.
Уругвај и Парагвај, во Монтевидео, одиграа натпревар без голови.
Колумбија убедливо го порази Перу со 3:0 и се врати во борбата за местата кои носат пласман на Мундијалот во Катар. Колумбија се наоѓа на делба на четвртото место заедно со Уругвај и Парагвај.
Головите за „Кафетероси“ ги постигнаа Јери Мина, Матеус Урибе и Луис Дијаз, во периодот од 40. до 55.минута.