Top Sport

Челси се заинтересирани за Адама Траоре

Томас Тухел, по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите, најави реконструкција на тимот кој го селектираше неговиот претходник Френк Лампард. Медиумите во Англија, тврдат дека во преодниот рок 11 играчи ќе го напуштат Челси.

Приоритет на Челси во преодниот рок ќе биде да донесат квалитетен напаѓач, а не се исклучува можноста Тухел да побара уште некои решени за дополнително да го засили тимот.

Британскиот „Телеграф“, пишува дека Тухел бил серозно заинтересиран за „Ѕверот“ од Вулверхамптон, Адама Траоре.

Германскиот тренер сметал дека Шпанецот одлично би се вклопил во неговата формација 3-5-2 и би му бил конкуренција на Рис Џејмс.

Се шпекулира дека Челси би можеле да го донесат 25-годишникот за 30 милиони евра.

Траоре кариерата ја започнал во „Ла Масија“ во Барселона, а во Англија е од 2015 година. Во кариерата играл за Астон Вила, Мидлсброу и Вулверхемптон.

Scroll to Top