Top Sport

Баерн го претрка Манчестер јунајтед за потписот на Саул Нигез

Баерн Минхен го претрка Манчестер јунајтед во трката за потписот на Саул Нигез од Атлетико Мадрид.

Саул, има договор со Атлетико со 2026 година и откупна калузула од 150 милиони евра. Медиумите тврдат дека Баерн за неговите услуги ќе плати 80 милиони евра. Доколку трансферот се реалзиира, Баерн ќе го израмни клупскиот рекорд.

Во 2018 година, Баварците на Атлетико му платија 80 милиони евра за Лукас Ернандез.

Во Минхен сметале дека со трансферот на Саул ќе ја затворат дупката која настана со заминувањето на Тијаго Алкантара. Шпанецот минатото лето се пресели во Ливерпул.

Саул ја освои титулата со Атлетико, но не може да се пофали дека имал добра сезона. Натпреварите најчесто ги започнуваше од клупата за резерви, поради што не успеа да се најде меѓу играчте кои ќе играат за Шпанија на ЕУРО 2020.

Атлетико на местото на Саул планира да го донесе Родриго Де Пол од Удинезе чија цена изнесува помеѓу 35 и 40 милиони евра.

Scroll to Top