Серхио Кун Агуеро, во понеделникот, стана нов играч на Барселона. Аргентинецот на „Ноу Камп“, пристигна како клупска легенда на Манчестер сити. За десет години, Агуеро, стана најдобриот стрелец во историјата на Сити.
„Тој е посебен играч. Толку мил. За него нема замена…“, емотивно се збогуваше со Агуеро, по победата над Евертон (5:0), во последното коло во Премиер лигата, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
Сепак, таткото на Агуеро, не верува дека емоциите што ги покажал Гвардиола биле вистински.
„Не им верувам на неговите солзи. Тој никогаш не бил искрен кон мојот син. Мислам дека никогаш не го сакал во својот тим. Гвардиола е одличен тренер, но секогаш сака да ја има главната улога во своите тимови. Секојдневно ги менува играчите, или го менува редот за врска. Играчите не знаат дали се важни или не. Тој кажа дека за Серхио нема замена, а тој повеќе не е во тимот“, рекол таткото на Агуеро.