Top Sport

Карлос Тевез замина во пензија

Легендарниот Карлос Тевес (37) објави крај на кариерата.

„Денес можам да ви кажам дека заминувам во пензија, но можеби за три месеци ќе се разбудам и ќа посакам повторно да играм, но не за Бока јуниорс“, рекол Тевез и појаснил.

„Ова е еден од најтажните денови во мојот живот, сепак чувствувам дека ја донесов вистинската одлука. Бока е мојот живот, тука не смеам да бида просечен играч. Ако не можам да дадам 100 отсто од себе тогаш е подобро да се повлечам“.

Карлос Тевез во Бока ја започна кариерата во 2001 година, потоа играч за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Јувентус, Бока се врати во 2015 година, па замина во Шангај.

Третиот мандат во Бока јуниорс го започна во 2018 година.

За Бока одиграл 251 натпревар постигнал 88 гола.

Scroll to Top