Герет Бејл, по завршувањето на Европското првенство, ќе објави крај на кариерата, тврди највлијателниот шпански спортски медиум, „Марка“.
Бејл, минатата сезона ја мина на позајмица во Тотенхем. Велшанецот има да одработи уште една година од договорот со Реал, на чија клупа седна Карло Анчелоти, со кого Бејл имаше добра соработка од 2013 до 2015 година.
Медиумите шпекулираа дека за разлика од Зинедин Зидан, Анчелоти сериозно ќе смета на услугите на Бејл, меѓутоа тој има намера да се збогува со фудбалот.
„Марка“, пишува дека Бејл тешко наоѓа мотивација и дека единствено е среќен кога игра за Велс.
Планот му бил да го одигра Европското првенство и тоа да му се посвети на голфот.
Велс на ЕУРО 2020 ќе игра против Швајцарија, Италија и Турција.