Фудбалскиот клуб Депортиво од Ла Коруња го именува Кристобал Парало за нов тренер, пренесоа шпанските медиуми.
Парало досега беше тренер на Б-тимот на Депортиво, а првиот тим треба да го предводи до крајот на сезоната.
Раководството на клубот му се заблагодари на Пепе Мел, кој доби отказ во вторникот бидејќи Депортиво во првите девет кола има забележано само две победи.
Тимот од „Ријазор“ со осум бода се наоѓа на 16. место во Ла Лига.