Top Sport

Михајловиќ: Во Италија секогаш се „вртат“ истите тренери

Синиша Михајловиќ, кој неодамна го продолжи договорот да остане тренер на Болоња, вели дека големите тренери се мачат во Италија бидејќи во игра секогаш се „истите имиња“.

Менаџерската „вртелешка“ во Серија А продолжува, откако Роберто де Ѕерби замина од Сасуоло за Шахтјор Доњецк, додека Винченцо Италијано го продолжи договорот со Специја. Во големите клубови пак, имаше интересни промени – Јувентус го вратија Масимилијано Алегри, Интер го земаа Симоне Инзаги од Лацио, Жозе Мурињо дојде во Рома, Џенаро Гатузо од Наполи замина во Фиорентина…

„Многу е тешко добрите тренери да добијат шанса во Италија. Затоа, во големите клубови, секогаш ги гледате истите имиња како се вртат. Бараат тренери кои веќе работеле во Европа, но ако не работиш за тие клубови, од каде ќе го добиеш искуството. Како куче кое си ја брка опашката. На пример, Де Ѕерби заслужува шанса на најависоко ниво, но наместо тоа оди во странство. Италијано е млад и талентиран тренер, ја однесе Специја во Серија А, што друго треба да направи? Да оди на вода?“, вели Михајловиќ во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top