Top Sport

Логан Пол има 16 килограми повеќе од Мејведер пред ноќниот дуел

На тензичното соочување по мерењето пред мечот, стана јасно дека Јутјуб ѕвездата Логан Пол влегува со огромна предност во килограми против боксерската легенда, Флојд Мејведер Јуниор.

Во еден од најбизарните мечеви во последните години (ноќва во 1.00 часот по полноќ), Пол ќе влезе со 85.9 килограми, речиси 16 килограми потежок од Мејведер (70.3 килограми), а соочувањето покажа дека тој ќе има и огромна предност во височината.

Соочувањето помина без инцидент, откако двајцата зјапаа еден во друг подолго време, а Мејведер ги изддржа сите провокации.

„Ова е најголемиот меч во мојот живот и кој не би сакал да го победи најдобриот боксер во историјата“, изјави Пол.

„Славата не добива мечеви, туку тоа што се случува во рингот“, изјави Мејведер.

Иако се работи за егзибициски меч со однапред договорени правила (нема да има победник, иако нокаути се дозволени), Мејведер ќе заработи 100 милиони долари, додека Пол ќе добие 20 милиони долари.

Scroll to Top