Top Sport

Германија ветува „совршено“ Евро 2024 во „срцето на Европа“

Германија и официјално се кандидираше за домаќин на Европското првенство во фудбал во 2014 со порака дека ќе понудат „совршена“ организација и атмосфера која ќе го повтори духот на Мундијалот во 2006 година.

Освен Германија, само уште Турција е кандидат за шампионатот и Германците се сметаат за апсолутни фаворити пред објавата на УЕФА на 27 септември.

„Имаме прекрасен концепт за совршено организиран турнир, кој нуди голема шанса УЕФА да го развива европскиот фудбал. Евро 2024 организирано во срцето на Европа ќе овозможи сите учесници да имаат свои навивачи“, вели претседателот на Германската фудбалска асоцијација (ДФБ), Рајнхард Гриндел.

СП во 2006 беше совршено организирано, со преполни стадиони и стотина илјади фанови на специјално организираните места за гледање на отворено. Покрај тоа поврзаноста со другите европски земји придонесе голем број на туристи.

Сепак, турнирот е под истрага во Германија и Швајцарија поради наводниот поткуп кои луѓето на германската кандидатура, предводени од легендарниот Франц Бекенбауер, ги исплатиле на луѓето од ФИФА.

Фото: ЕПА

Scroll to Top