Top Sport

Така се сака клубот – Келн на пат за втората лига, Хектор со нов договор

Германскиот дефанзивец Јонас Хектор и покрај интересот на тимови како Баерн Минхен и Борусија Дортмунд реши да го продолжи договорот со Келн, и покрај тоа што клубот речиси сигурно патува во втората лига.

Келн е на осум поени од безбедната зона на три натпревари пред крајот, но 27-годишниот капитен потпиша двегодишно продолжување на договорот до 2023 година наместо да ја искористи клаузулата во својот договор и да си замине.

„Немаше да биде проблем да се префрлам во друг клуб по крајот на сезоната, но чувството не беше вистинско. Јас припаѓам на Келн и сакам да ја почнам новата сезона со моите соиграчи и со фановите зад нас“, вели Хектор, кој е во Келн од 2010 година.

Спортскиот директор на Келн, Армин Фех, вели дека е воодушевен од Хектор.

„Ова е голем сигнал за клубот, за неговите соиграчи и за нашите фанови“, вели Фех.

Scroll to Top