Top Sport

Прво гренд слем четврт-финале за Давидович Фокина

Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина успеа да се пласира во своето прво гренд слем четврт-финале, откако со 6:4/6:4/4:6/6:4 го совлада Аргентинецот Федерико Делбонис, за да обезбеди меч со подобриот од дуелот помеѓу Александер Зверев и Кеи Нишикори.

Еден ден по неговиот 22. роденден, Шпанецот со руско потекло, успеа да влезе меѓу најдобрите осум во својот осми настап на еден гренд слем турнир. Давидович Фокина во мечот од три часа имаше 42 победнички топки, но и дури 47 неизнудени грешки.

„Работев напорно за овој момент. Се заблагодарувам на мојот тим кој ме поддржуваше секој ден. Многу емоции“, изјави низ солзи светскиот рекет број 46 по победата.

 

Scroll to Top