Top Sport

Договорен трансферот на Донарума во ПСЖ

Експертот за трансфери Фабрицио Романо и „Скај спорт Италија“, тврдат дека голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, наскоро ќе потпише договор со Пари Сен Жермен (ПСЖ).

Второпласираната екипа во францускиот шампионат бесплатно ќе го донесе еден од најталентираните голмани на денешницата. Донарума, во изминатиот период се поврзуваше со Јувентус и Барселона, но како стојат работите само ПСЖ можат да ги испратат финансиските барања на неговиот менаџер, Мино Рајола.

Донарума, со ПСЖ, ќе потпише петгодишен договор, според кој ќе има годишна плата од 12 милиони евра. Во исто време, ПСЖ, на менаџерот Рајола како провизија за трансферот ќе му исплатат 20 милиони евра.

Новинарот Романо, објави дека биле договорени и лекарските прегледи во кампот на италијанската репрезентација, каде Донарума се наоѓа пред стартот на ЕУРО 2020.

Трансферот на Донарума значи дек Кејлор Навас, кој пред неколку месеци потпиша нов договор, ќе мора да го напушти Париз.

Scroll to Top