Top Sport

УЕФА: Три години суспензија за Панатинаикос

Фудбалскиот клуб Панатинаикос нема да може да се натпреварува во европските купови во наредните три сезони, соопшти УЕФА.

Панатинаикос е суспендиран поради долгот кон играчите, кои на почетокот на месецот стапија во штрајк, бидејќи од крајот на минатата година не добиле плати.

УЕФА го опомена Панатинаикос во декември да ги измири долговите кон фудбалерите. Грчкиот клуб доби рок до 1.март да ги исплати играчите, меѓутоа не успеа да ја исполни обврската.

Покрај казната од УЕФА, Пнатинаикос доби казна и од Фудбалскиот сојуз на Грција. ПОради долгот кон поранешниот дефанзивец Јенс Вемер, на клубот му се одземени три бода и ќе мора да плати казна од 100.000 евра.

Scroll to Top