Top Sport

Милнер нов рекордер во Лигата на шампионите

Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер, синоќа стана фудбалер со најманогу асистенции во една сезона во Лигата на шампионите.

Милнер му асистираше на Роберто Фирмино, кога тој го постигна петтиот гол за Ливерпул. Во тој момент „црвените“ поведоа со 5:0.

Милнер ја забележа деветтата асистенција и на вечната листа ги мина Вејн Руни (2013/14) и Нејмар (2016/17). Овие двајца во наведените сезони забележиле по осум асистенции.

Интересно, рекордот на Милнер, може да го загрози неговиот соиграч Фирмино. Бразилецот против Рома ја забележа својата седма асистенција во сезоната.

Scroll to Top