Новак Ѓоковиќ повторно ќе ја оформи победничката екипа, со која ги оствари најдобрите резултати во кариерата. Откако српскиот тенисер повторно започна да работи со Марјан Вајда, во средата, во неговиот стручен штаб се врати и кондициониот тренер Гебхард Фил Грич.
Австралиецот му се приклучи на ѓоковиќ на турнирот во Барселона. Според првичните информации, соработката со Грич, слично како и онаа со Вајда е само привремена.
Грич и Ѓоковиќ соработуваа во периодот од 2009 до 2017 година, кога Србинот стана доминатен во светскиот тенис.
Како што објави Б92, сите во тимот биле свесни дека прекинот на соработката, минатата година, бил очекуван, со оглед на повредата со која се мачеше Ѓокови.
Сепак откако сите се „ресетирале“, им станало јасно дека заедно се најсилни, дека се вистински тим и дека биле подготвени за нови победи и титули.