Top Sport

Фудбалска класика во Минхен, Баерн против Реал

Вечерва во Минхен, Баерн и Реал, ќе го одиграат првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите. Дуелот на великаните е вистинска класика во еворпскиот фудбал, „тешка“ 17 трофеи во Лигата на шампионите.

Пресметката во Минхен ќе биде 25.на овие ривали кои се израмнети според учинокот на претходните 24 натпревари. Баерн и Реал имаат по 11 победи, а две средби завршиле без победник.

Лани играа во четврт-финалето, оваа во полу-финалето. Лани Реал славеше со вкупни 6:3, по контроверзниот реванш, во кој црвен картон доби Видал, а Ронадо постигна два гола од недозволена позиција. Баерн ќе сака да се одмазди, а во клубот потенцираат дека заборавиле на минатогодишниот двомеч .

Баварците веќе ја обезбедија титулата во Германија, ќе играат во финалето на националниот Куп, а помалку срамежливо најавуваат дека ова е годината кога ќе го повторат успехот од 2013 година, кога покрај домашните титули ја освоија и Лигата на шампионите. И во 2013 година Баерн од клупата го предводеше Јуп Хајнкенс, човек кој има европска титула и со Реал во 1998 година.

„Во мислите ми е само Реал…Не очекува дуел на гиганти, дуел на два тима со голема традиција во европскиот фудбал, дуел на екипи кои играат атрактивен фудбал“, рекол Хајнкенс.

За Реал, Лигата на шампионите е посладната надеж дека сезоната може да ја заврши со трофеј, во спротивно натпреварувачката 2017/2018 ќе биде вистинско фијаско, а иднината на тренерот Зидан ќе биде крајно неизвесна.

„Ако два пати станавме европски шампиони, зошто тоа да не го направиме и трет пат?“, се прашува десниот бек на Реал, Дани Карвахал.

Можни состави:

Баерн (4-3-3): Улрајх – Кимих, Хумелс, Ботаенг, Алаба – Мартинез, Тијаго Алкантара, Хамес Родригез – Милер, Рибери, Левандовски

Реал (4-3-3): Навас – Карвахал, Варан, Серхио Рамос, Марсело – Каземиро, Крос, Модриќ – Иско, Бензема, Роналдо

Натпреварот во Минхен ќе започне во 20:45 часот

Scroll to Top