Top Sport

Првиот гол на ЕУРО 2020 е смешен автогол на Демирал

Откако во целото прво полувреме доминираа во играта, Италија стигна до 1:0 водство против Турција во првиот меч од ЕУРО 2020 со автогол на Мерих Демирал.

Во првото полувреме, Италијанците имаа дури 14 удари кон голот на Турција, а четири пати бараа пенал, но на крајот дојдоа во водство во 52. минута, кога по нафрлањето на Доменико Берарди, фудбалерот на Јувентус, Демирал смешно ја уфрли топката во сопствениот гол.

Scroll to Top