Ракометарите на Алборг изборија сензационален пласман во финалето, во Лигата на шампионите. Алборг, во првото полу-финале на завршниот турнир во Келн, го порази фаворизираниот ПСЖ со 35:33.
Алборг, со луда серија од 8:2, во средишницата на вториот дел, стигна до прво водство на мечот (25:24), кое потоа не го испушти до крајот. Претходно, ПСЖ, го диктираа ритамот и ја одржуваа разликата од три до пет гола.
Алборг во своето прво финале, за титулата ќе се бори против победникот од дуелот помеѓу Нант и Барселона. ПСЖ, ќе почека барем уште една година за да дојде до најпосакуваниот трофеј.
Клар го предводеше Алборг со осум гола, еден помалку кај ПСЖ постигна Ремили.