Ектор Бељерин ги разрешил сите дилеми околу својата иднина. Тој ќе остане во Арсенал, а од наредната сезона ќе има нов број на дресот.
Шпанскиот десен бек, нема намера да замине од Арсенал, иако интересот на Барселона се уште постои, а од наредната сезоната наместо дресот со бројот 24 ќе ја носи двојката на својот грб.
Бројката ја наследи од Метју Дбиши кој во јануарскиот преоден рок замина во Сент Етиен.
Бељерин за Арсенал дебитирал во 2014 година.