Top Sport

Блокада и тројка на Џејмс, Кливленд води 3:2 (Видео)

Кливленд Кавалирс славеа во дуелот со Индјана Пејсерс во петтиот меч од четврт-финалето во Источната конференција. Кавалирс со тројката на Леброн Џејмс ја победија 98:95.

Леброн Џејмссо 44 поени, 10 скока и осум асистенции му го донесе на Кливленд првото водство од почетокот на серијата.

„Кралот“ Џејмс во последната минута најпрвин го блокираше Виктор Оладипо, а потоа со звукот на сирената постигна тројка за победа.

„Верував во себе, секогаш сум тренирал вакви работи. Кога сте дете секогаш ги имате тие 3,2,1 моменти. Повторно се почувствував како дете. Кога играв кошарка во својот дом, кога правев топки од чорапи и правев бучава како да сум во сала. Токму така се пучуватвував“, рекол Џејмс.

Покрај Џејмс кај Кливленд се истакнаа ветераните, Кајл Корвер постигна 19 поени (пет тројки) и Кевин Лав (11 поени, 10 скока).

Индијана ја предводеше Сабонис со 22 поени, додека најдобриот играч во тимот Оладипо одигра катастрифален меч, тој погоди само два од 15.шута од поле.

Scroll to Top